Во ковид центрите се лекуваат вкупно 194 пациенти, слободни се 530 болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 194 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти денеска Министерството за здравство.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 123 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19, а во главниот град 71 лице.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти. Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и пет биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени тројца оздравени пациенти. Според податоците на МЗ, во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат десет пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 37 пациенти.Голем дел од пациентите сместени во ковид центрите во Скопје се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, се вели во соопштението од МЗ.

Како што информираат, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 123 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп десет, во ковид центарот во Гостивар тројца, а во Струга 8 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се седум пациенти, во Кичево двајца.

Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Министерството за здравство информира дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што, како што информира Министерството за здравство, се ослободуваат дополнителни легла.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.