Во која земја најмногу се донираат органи?

Шпанија останува глобален лидер во однос на донирањето органи, а оваа позиција земјата ја одржува веќе со години.

Според шпанското Министерство за здравство, бројот на донори во 2017 година се зголемил повеќе од осум проценти. Вкупниот број донирани органи изнесува 2.183, објави Министерството.

Во текот на минатата годината во Шпанија биле трансплантирани рекордни 5.259 органи, најмногу бубрези и црни дробови.

За да ги објасни ваквите импресивни резултати, министерката за здравство, Долорес Монсерат, изјавила дека Шпанија е најдарежливата земја во светот, со најдобар здравствен систем.

„Сè повеќе и повеќе луѓе донираат органи за да спасат животи“, рече таа.

Според статистиките, Шпанија има 46,9 донори на милион жители, што е уште еден рекорд. Оваа стапка расте од година на година. Од друга страна, една земја од регионот, односно Хрватска, со години се наоѓа зад Шпанија, но таму донорите се намалуваат.

Според податоците на хрватската донорска мрежа, во 2016 година имало 34,8 донори на милион жители.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.