Во која држава живеат најдебелите жени на Балканот?

937

Најдебела нација на светот се жителите на Кувајт, покажуваат резултатите од истражувањето на порталот Visual.ly. Со просечен Индекс на телесната тежина (БМИ) од 29,5, кувајтските мажи со 27,5, а жените со 31,4 БМИ единици се први во светот според дебелината. Потоа следуваат жителите на САД со просечен БМИ од 28,8 единици, жителите на Тринидад и Тобаго и Аргентина имаат БМИ од 28,6, жителите на Египет и Мексико 28,4 и Нов Зеланд 28,2 единици.

Од друга страна, на дното на табелата се наоѓаат некои од најсиромашните земји во светот. Во просек, најслаби се жителите на Бангладеш со БМИ 20,2, потоа следуваат жителите на Еритреја, Етиопија, Шри Ланка, Конго, Непал и Виетнам.

Според резултатите од истражувањето на порталот Visual.ly, сите балкански земји се наоѓаат во групата предебели нации. Најдебела нација во регионот се Хрватите, со просечен БМИ 26. Потоа следуваат Албанците и Србите со 25,9, Босна и Херцеговина со 25,8 и Македонија со 25,2. Според истиот извор, просечно најдебелите жени на Балканот се во Македонија со БМИ индекс 26,4, а по нив следат жените во Албанија и Босна и Херцеговина.

Најдебелите мажи се во Хрватска со 26,6 БМИ единици, а следат мажите од Србија и Албанија.

Во поширокиот балкански регион, после Словенија, најдебели се граѓаните на Турција со 26,3 БМИ единици, а по нив граѓаните на Словачка, Бугарија и Унгарија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.