Во која држава луѓето најмногу спијат?

292

Просечното време за човечкиот сон од 1970 е во постојано опаѓање, и овој меѓународен феномен е резултат на културата ориентирана на долги работни часови и стресен живот, пишува Хафингтон пост. Според истражувањето на компанијата Травелоџ, околу 65 отсто од Британците, во просек, спијат само шест часа и 27 минути. Помалку од седум часа спиење резултира со бројни здравствени заболувања, проблеми со меморијата како и до зголемен ризик од дијабетес и рак.
И покрај фактот дека на глобално ниво помалку се спие, некои култури се уште се лидери во тој поглед па така најмалку спијат јапонците, корејците, норвежаните и швеѓаните, покажало истражувањето на француската студиска група за економска соработка и развој спроведена на 30 нации.
Според тоа, Кинезите во просек спијат повеќе од девет часа дневно, додека јапонците спијат седум часа и 14 минути. Шпанците исто така се наоѓаат во друштво на оние кои спијат најмногу поради нивниот културен обичај на попладневна дремка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.