Во кој период од денот сме поискрени?
Истражувачите од Харвард и универзитетот во Јута тврдат дека како што одминува денот, се полесно се одлучуваме да лажеме. До ручекот сме најискрени и најетични.
Утринската искреност и моралност ја тестирале на 327 мажи и жени кои решавале низа тестови, пишува Дејли меил. Во еден од нив биле замолени да решат математички проблеми и потоа да известат колку ги решиле точно. За секој точен одговор добивале само надомест. Она што не го знаеле е дека некои проблеми било невозможно да се решат, поради што истражувачите лесно можеле да проверат кога лажат.
Лажеле повеќе попладне отколку во утринските часови. Зависно од тестовите, луѓето од 20 до 50 отсто биле склони на лаги по ручекот.
Експертите веруваат дека поморални сме во утринските часови бидејќи тогаш имаме повеќе енергија, која во текот на денот се намалува.
Во вториот тест, попладневните учесници биле два ипол пати повеќе склони кон лажење од утринските. И овој пат за мала финансиска добивка зборувале колку кругови гледаат на компјутерот.