Во кои земји има најмногу неверство?

209

Неодамна спроведено истражување покажа дека најмногу неверстава има во скандинавските земји.

На самиот врв на листата на „прељубници“ се најдоа Данците. Дури 46 отсто од испитаниците во Данска признале дека го изневеруваат својот партнер.

По Данска на листата следи Норвешка со 41 отсто „прељубници“, а на трето и четврто место се најдоа Исланд и Финска со 30, односно 36 отсто лица кои го изневеруваат партнерот.

Поточно, ако знаете десет двојки од скандинавските земји, најмалку четири лица ги изневеруваат своите партнери.

И не само кога станува збор за двојките. Врските за една ноќ се исто така популарни во скандинавските земји.

Најмалку две третини од популацијата на споменатите земји имале вакви искуства.

Студијата анализира и сексуални навики на нациите, па така е дојдено до податоци дека Грците најчесто имаат анален секс, додека Индијците се најзадоволни од нивниот љубовен живот.

Истражувањето траело три месеци со аналзиа на податоците собрани од сите краишта на светот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.