Во кои работи жените се подобри од мажите и обратно?
Научниците откриле дека женскиот мозок е подобро прилагоден во вршење на повеќе задачи одеднаш (т.е. мултитаскинг ).
Машкиот мозок е пак подобар во концентрација на сложени задачи , без разлика дали тоа е за читање мапи или готвење.
Биле испитувани мозоци на 949 млади мажи и жени со користење на магнетна резонанца при што истражувачите ги одбележале поврзностите на различни делови на мозокот.
Истражувањето покажало дека жените имаат многу подобра врска помеѓу левата и десната страна на мозокот , додека мажите е изразена активноста во одредени области, особено во однос на моторни вештини.
Мажите исто така имаат подобро поврзување на предната и задната страна од мозокот кој овозможува побрза перцепција на информации и користењето на истиот за време на извршување на комплексни задачи.
Така, на пример , мажите се подобри во пливање или паркинг.
Истражувањето покажува дека жените ако им се даде задача што вклучува логично и интуитивно размислување ќе бидат подобри. Но, ако се бара звршување на работата веднаш, тогаш први се мажите.