Во Гевгелија презентиран проектот „На секое дете му треба семејство”

Над 200 деца одделени од своите семејства поради насилство или злоупотреба, деца со попреченост во развојот и бебиња помали од три години се згрижени во големи институции во земјава и затоа со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизираат доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање на овие деца и кои се подготвени да ги отворат срцата и своите домови за нив.

Ова го истакна претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс при обраќањето во Гевгелија на презентацијата на проектот  „На секое дете му треба семејство“ што ја организираше Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Гевгелија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско село.

По повод почетокот на кампањата, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Гевгелија Лазе Трајков истакна дека најдобрата институција во која можат да растат децата без родители е токму семејството. Децата кои растат без љубов и соодветна грижа, како што рече, подоцна имаат негативно влијание во севкупниот развој и способностите за живот.

Сите заинтересирани кои сакаат да станат згрижувачи можат да се јават на бесплатната телефонска линија 15133 преку која ќе бидат информирани низ какви обуки треба да поминат и што е потребно за да станат згрижувачи. Вакви отворени денови во наредните два месеца ќе се организираат во 30 градови во Македонија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.