Во ек на пандемија двајца анестезиолози од Градската болница „8 септември“ дале отказ

Двајца анестезиолози од вкупно 13 во Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со ковид 19 одлучиле да ја напуштат и да заминат на работа во приватната болница „Систина“. Потврди директорот на болницата Христијан Костов .

Во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение. Директорот на болницата,Костов позната како ковид центар и во која во моментот се носат најтешките случаи за да им потпише отказно решение. Нашите извори уште тврдат дека едниот од анестезиолозите претходно веќе работел во приватната болница, но се вратил во Градската болница, од која сега сака повторно да замине.

Тие управуваат со респираторите, а нема ден во ГОБ „8 септември“ на респираторна машина да не се ставени 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.