Во Дебар 71 активен случај на Ковид -19, осум на кислородна поддршка

Неповолната епидемиолошка состојба на подрачјто на општините Дебар и Центар Жупа продолжува, со зголемена инциденца од почетокот на овој месец, која секојдневно расте.

Според надлежните, само во изминатите денови од овој месец опасниот вирус е потврден кај 64 лица или вкупно 83 од 12 јули, кога по подолг период беше регистриран еден случај. Во овој период во списокот на оздравени се внесени 12, додека починале две лица.

-Посебно зголемување на новозаразени се забележува во последните неколку денови кога има од осум до 10 нови случаи, а вчера дури 17. Вкупно активни се 71, од нив осум или еден повеќе од вчера се хоспитализирани во ковид центарот во нашата установа, сите на кислородна поддршка. Двајца од нив се вакцинирани. Во здравствените установи во Скопје немаме наш пациент,  изјави за МИА, Баки Алили директор на Општа болница со проширна дејност во Дебар.

Се зголемува бројот и на тие кои доаѓаат тука за преглед, денеска 12 лица. Но, бројот се верува дека е поголем, но за лекарска услуга се јавуваат само тие кои се во потешка состојба.

-Паралено се зголемува и интересот за имунизација. Само во последните два дена аплицирани се 337 вакцини, кај лица од двете општини. На ова подрачје имунизирани се над 6.600 лица од нив околу 1.200 во вакциналните пунктови во Скопје и Охрид, додека останатите во нашата болница, додаде Алили.

Посочи дека во Модуларната болница, каде што непречено се одвива процесот на вакцинација моментно располагаат со 240 дози од „Фајзер“, 160 „Синовак“ и 160 „Астра Зенека“. Најави дека следните денови се очекуваат нови пратки вакцини.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.