Во бременоста е ризично ако имате намалена функција на тироидната жлезда

415

Многубројни истражувања во полето на ендокринологијата и метаболитичките процеси укажуваат на фактот дека ризикот за појава на одредени компликации во текот на бременоста е во тесна врска со намалената активност на тироидната жлезда.

Хормоните кои ги излачува тироидната жлезда се неопходни за правилен развој на мозкот на фетусот, особено во текот на првата половина од бременоста.

Според статистичките податоци, доколку постои намалена активност на тироидната жлезда ризикот за појава на предвремено раѓање на бебето, намален коефициент на интелегенција кај бебињата или спонтан абортус се зголемуваат за 30%

Проблемот е во тоа што многу се чести случаите кога жените воопшто не приметуваат дека имаат проблем со тироидната жлезда поради мноштвото на симптоми кои можат да им се препишат и на други здравствени состојби.

Истажувањата на американските ендокринолози утврдиле дека дури 15% од трудниците не биле свесни дека имале проблем со тироидната жлезда.

Секако, доколку проблемот со намаленото излачување на тироидни хормони се држи под лекарска контрола нема место за загриженост.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.