Внимавајте: Вежбалните се извор на зарази!

Околу три четвртини од луѓето имале лоши хигиенски искуства во вежбалните. Да се заштитите дома полнете вода во шишето кое го користите, не одете боси и внимавајте каде ги оставате работите.

Салите за танци,теретаните, топките и другата фитнес опрема се жариште за размножување на бактериите, бидејќи голем број на луѓе ракуваат со нив, предупредуваат стручњаците. На такви места најважно е да се заштитете од бактерии кои може да предизвикаат непријатна ситуација и проблеми со здравјето, пишува Huffington post. Резултатите од студијата покажуваат дека ранците се највалкани бидејќи се оставаат секаде.

– Спортските торби и ранците се легло за бактерии бидејќи се преместуваат од подот, дрвените клупи, ормарите се до подовите на автомобилите, вели, директорот на клиниката за микробиологија при Њујоршкиот универзитет д-р Филип М. Тиерно.

Тој посочува дека иско сите бактерии не се патогени, потребно е да се преземаат мерки за за заштита на здравјето. Прва помош се препаратите за дезинфекција со кои може да се испрскаат подовите и седиштата на автомобилите како и ранците. Исто така треба да се внимава на кои места се остваат торбите и да се избегнуваат подовите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.