Внимавајте: Тешки метали пронајдени во кармините!

Научници од калифорнискиот факултет Беркли откриле дека една жена која просечно користи кармин може да внесе во организмот 20 проценти тешки метали повеќе отколку што е максимално дозволено за човекот,пишуваат американските мидиуми. Некои од најпопуларните кармини и сјаеви за усни меѓу состојките имале работи кои едноставно не се толку убави. Истражувачите испитувале 32 различни производи за усни кои се продаваат во САД и нашле концентрации на олово, кадмиум, хром, алуминиум, и пет други тешки метали. Во некои од производите концентрациите биле толку високи за да предизвикаат загриженост за здравјето и зголемен ризик од рак како и невролошки проблеми.
Луѓето кои користат кармини во просек може да апсорбираат во организмот во просек околу 24 милиграми од производ на ден, и од оние препарати кои “мачкаат” и до 87 милиграми.
Бидејки е измерена количината на металот во нив,научниците дошле заклучок дека просечниот корисник на кармин може да проголта 20 проценти повеќе од дозволениот износ на алуминиум, манган и кадмиум.
Научниците велат дека ова откритие не значи дека жените треба да престанат со користење кармин и сјај за усни, но пожелно би било да се намали шминката.
Во студијата не е именуван бренд, но речиси и да не постојат големи разлики во концентрациите на метал од производител до производител, а резултатите може да се сметат како релевантни за сите производители.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.