Внимавајте што и како јадете: Ова се симптоми на труење со храна

349

 

Најчести симптоми на труење со храна се мачнина, повраќање, дијареа, болки и грчеви во стомакот.

Сепак, во зависност од тоа од која бактерија се заразени, тие можат да варираат. Научете да ги препознаете најчестите причинители за трување:

Ботулизам
Отежнат говор, голтање и дишење
Замаглен вид
Мачнина
Сува уста
Замор
Парализа

Ботулизам може да се добие од мед, зеленчук, конзервирана храна, месо, риба, овошје и меко сирење.
Периодот на инкубација е од 12 до 36 часа.

Кампилобактерија
Тие кои конзумираат сурово месо и живина, контаминирана вода или непастеризирано млеко, можат да бидат заразени со кампилобактерија, која предизвикува дијареа, грозница и болки во стомакот, со период на инкубација кој трае од 2 до 7 дена. Симптомите траат околу пет дена.

Колера
Колерата најчесто се шири со пиење на вода, но и со јадење на морски плодови кои се контаминирани и со телесни излачувања на лица заразени со бактеријата Vibrio choleare.

Симптомите се:
Обилна течна дијареа, мачнина и повраќање, дехидрација, грозница и грчеви во стомакот.
Периодот на инкубација е главно од 12 до 24 часа.

Листериоза
Лица кои јадат заразено меко сирење, непастеризирано млеко, можат да се заразат со опасна бактерија листерија.

Симптомите се слични на грип – грозница и болка во целото тело. Симптомите и периодот на инкубацијата траат од 2 дена до 3 месеци.

Салмонелоза
Ако јадете сурово или недоволно термички обработено месо, недоволно сварени јајца или мајонез од живи јајца, можете да добиете салмонелоза.

Симптомите се болки во стомакот, мачнина, дијареа, грозница, повраќање и главоболка. Периодот на инкубација трае од 8 часа до 7 дена.

Шигелоза
Оваа инфекција се пренесува од лице до лице преку контаминирана храна, пијалоци и предмети. Основни симптоми се дијареа, која содржи слуз и крв, мачнина, повраќање, грозница и грчеви во стомакот. Периодот на инкубацијата трае од 1 до 7 дена, а симптомите од 4 до 7 дена.

Најдобра шанса да ја избегнете е добро да ги миете рацете при подготовка на намирниците, да не пуштате домашни миленици, муви и штеточини блиску до намирниците, избегнувајте специјалитети со суво месо, чувајте ги намирниците во фрижидер и добро мијте ги свежите производи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.