Внимавајте овие секојдневни навики можат да ви го загрозат животот

25

Експерти издвоија пет секојдневни навики кои можат да ви загрозат животот, пишува Eat This, Not That.

„Во САД обично трошиме многу пари на развој на модерни лекови и други третмани за болести наместо да се обидеме да ги спречиме. Тоа е голем проблем“, вели д-р Моник Тело.

Кои секојдневни навики треба да ги избегнувате?

1. Пиење премногу вода

Прекумерното пиење вода може да доведе до опасна состојба наречена хипонатремија при која доаѓа до ниско ниво на натриум во крвта.

„Бубрезите можат да излачат до 28 литри течности дневно, но само околу литар на час“, вели д-р Кристина Ланг.

„Прекумерното пиење вода може да доведе до нерамнотежа на електролитите и интоксикација со вода. Тоа може да доведе до опасни движења на течности во клетките на телото, особено во мозокот. Ако пиете премногу од тоа што всушност бубрезите можат да излачат може да доживеете отекување на мозокот што може да биде смртоносно“, вели д-р Ланг.

2. Прекумерно вежбање

Ако вежбато до таа мера што нанесувате штета на телото може да има долгорочни последици, велат експертите.

„Кога вашето тело е во тренинг, доаѓа до оштетување на клетките“, вели д-р Дејвид Гренер, кардиоваскуларен хирург.

„Тоа е така затоа што во одредена мера тренирате надвор од вашата комфорна зона, што доведува до тоа вашето тело да се адаптира да стане посилно. Значи, некое време по вежбањето ќе чувствувате болка или умор. На вашето тело тогаш му треба време да се обнови и стане посилно. Ако му предизвикате значајна количина стрес додека не е закрепнато, доаѓа до оштетување“, објаснува докторот.

3. Опсесија со здрава храна

Нездравата опсесија со здрава исхрана може да доведе до сериозни нарушувања во исхраната, предупредуваат експерти.

„Луѓето со оваа опсесија внимаваат да јадат навистина здрава храна, со нездрава опсесија за квалитет на храна“, вели д-р Тери Грифит.

4. Додатоци за исхрана

„Станува збор за проблеми со широк спектар на додаток на исхрана – од витамини, минерали, пробиотици и сите видови“, вели д-р Питер Коен од Харвард.

5. Повремен пост ако имате дијабетес

Луѓето со проблеми со шеќер во крвта треба да разговараат со доктор пред обид да постат или временски да се ограничат со одредена храна. Може да се намали нивото на глукоза во крвта што значи дека се потребни адаптирања на лековите за да се избегне хипогликемија во текот на периодот на ограничување на калориите“, вели експертот за дијабетес д-р Роберт Ратнер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.