Внимавајте – Оваа навика ги зголемува килограмите повеќе отколку јадењето навечер!

247

Тим од канадски истражувачи објави резултати од ново истражување според кое тинејџери и млади кои почесто пијат алкохол имаат поголема шанса да имаат вишок килограми или да бидат дебели.

Новите податоци доаѓаат од Универзитетот Ватерло во Онтарио, а биле тестирани средношколци од 89 училишта кои пополнувале анонимни анкети. Меѓу прашањата биле разни животни навики, како и оние прашања колку често пијат алкохол.

Дури 39 отсто признале дека најмалку еднаш месечно се опиваат, што вклучува најмалку пет алкохолни пијалоци на вечер, а 11 отсто одговориле дека се опиваат најмалку еднаш неделно. Алкоголот продуцира и дополнителни калории, а слатките жестоки пијалоци имаат повеќе калории.

Потоа, на основа на податоците за тоа каков точно алкохол пијат (пиво, вино, жестоки пијалоци) и што јадат, се пресметале просечните калории, односно килограми кои можеле да ги добијат како вишок. На пример, оние кои само еднаш неделно се опивале од вотка внесувале 57.000 калории повеќе од оние кои не се опиавале. Во превод, тоа значи и 7,5 килограми повеќе.

Ова е една од првите студии која конкретно се занимава со дебелината кај младите, а која е поврзана со алкохолот. Едно од петте американски деца и 30 отсто од канадските деца се дебели или имаат вишок килограми. Поранешните истражувања се занимавале со тоа колку додатоците и шеќерот влијаат на дебелината на децата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.