Внимавајте, обемот на половината носи ризик од рак

200

Зголемениот обем на половината е предупредувачки знак и за мажите и за жените дека се наоѓаат во поголем ризик од појава на одредени форми на рак, предупредуваат научниците.

Научниците од Меѓународната агенција за истражување на ракот – огранок на Светската здравствена организација, покажале дека обемот на половината е подеднакво добар показател за зголемен ризик од појава на одредени видови на рак како и интексот на телесната маса (ИТМ), што претставува сооднос помеѓу тежината и висината.

Според лидерот на истражувањето, Д-р.Хајнц Фреислинг,  зголемен ризик за појава на некои видови рак, како и дијабет, тип 2 имат луѓето чиј обем на половината изнесува повеќе од 102 см за мажи и повеќе од 88 см. за жени.

Негов совет е дека луѓето треба да го знаат својот ИТМ, но и да го мерат обемот на половината.

Дебелината, после пушењето е еден од главните поединечни  причини за појава на рак кои може да се превенираат, а е поврзана со 13 видови на рак, меѓу кои ракот на дебелото црево, на градите и на панкреасот.

Во текот на истражувањето научниците направиле мерење на ИТМ, обемот на половината, како и односот помеѓу обемот на половината и колковите, со цел да одредат дали на овој начин може да се предвиди ризикот од појава на  видовите на рак кои се поврзани со дебелината.

Резултатите покажале дека додавањето 11 сантиметри околу половината го зголемуваат ризикот од  рак (поврзан со дебелината) за 13 проценти. Зголемувањето на обемот на колковите за осум сантиметри се поврзува со зголемен ризик  од рак на дебелото црево за 15 проценти.

За потребите на истражувањето биле споредени податоците од 43.000 лица кои биле следени во просек 12 години и на повеќе од 1.600 лица им бил дијагностициран некој вид на рак поврзан со дебелината.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.