Внимавајте: Мобилните телефони се жаришта на бактерии!

173

Истражување спроведено на Универзитетот во Орегон открило дека мобилните телефони се  вистински жаришта на бактерии, дом на илјадници видови на микроби, од кои повеќето живеат на нашата кожа и прстите, пренесува Live Science.

Истражувачите зеле примероци од показалецот и палецот на 17 лица, вклучувајќи примероци од допир на екранот на нивните апарати и откриле повеќе од 7000 различни бактерии во нив! 82 проценти од бактерите кои биле на апаратите ги имало и на прстите на сопствениците на мобилните телефони.

-Истражувањето покажа дека со своите мобилни телефони споделуваме многу повеќе од само една емотивна врска,изјавил еден од истражувачите. Најчеста била бактеријата стрептокок која нормално живее во човечката уста, стафилокока и други бактерии кои живеат на кожата и обично не се опасни.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.