Внимавајте: Многу натриум може да предизвика смрт!

112

Научниците од Универзитетот во Медфорд ги објавиле резултатите од најновото истражување, кое докажува дека големите количини на натриум што ги внесуваме во организмот, може да предизвикаат смрт.

Светската здравствена организација им препорачува на возрасните да внесуваат најмногу по 2 грама натриум дневно, бидејќи секое десетто починато лице во просек, умрело поради кардиоваскуларни заболувања.

Истражувањето покажало дека просечното консумирање на натриум кај возрасните изнесува 3,95 грама, што е речиси двојно повеќе од препорачаната мерка.

Натриумот (Na) е хемиски елемент, кој е застапен во млекото, солта, месни производи, леб, разни грицки, репка и целерот. Со зголеменото внесување натриум се зголемува и крвниот притисок, што може да доведе до кардиоваскуларни проблеми, како што се срцев и мозочен удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.