Внимавајте: Лимонот во пијалокот содржи микроорганизми!

284

Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати. Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.

Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.

– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон. Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања. Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.

Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.

На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.

Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.

Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.