Внимавајте: Лебот содржи отрови!
Најново британско истражување откри дека 63% од примероците на купен леб има барем еден пестицид а 17% од мострите содржат две или повеќе хемикалии. Со оглед на 2000. година, вредноста на отрови е двојно поголема, стои во истражувањето.
Најлошо од се е фактот дека горенаведените резултати се однесуваат и на производи кои се етикетирани како “органски”. Научниците тврдат дека контаминацијата со пестициди е пренесена од токсините во полиња, каде не се почитуваат процедурите на органското земјоделство и постои можност од ширење на отровот при складирање на жито, брашно, или кога лебот се подготвува. .
Претходни истражувања потврдија дека и мала количина на пестициди може да се одрази негативно на здравјето. Експерти од Оксфорд препорачаа потрошувачката на леб да се избегнува или барем да биде ограничена.