Внимавајте: Кашлицата крие неколку болести

453

Кашлицата во многу случаи ги маскира тешките здравствени проблеми и е следбеник на неколку болести:

1. Настинка или грип  – 1 до  2 недели

Класична продуктивна кашлица проследена со течење на носот, воспаление на грлото, главоболка и зголемена температура најчесто е последица од настинка или грип.

2. Бронхитис – неколку недели

Кратка и испрекината кашлица која тешко се смирува се еден од знаците за бронхитис. Започнува благо, па често немате чувство дека се работи за потешка болест, како што е бронхитис, туку само настинка, но по извесно време се развива во тежок облик на болна кашлица, проследена со искашлување слуз во разни бои, од кафеава до зелена и жолта. Задолжително треба да посетите лекар за да утврдите дали бронхитисот е предизвикан од бактериска инфекција, бидејќи во тој случај ќе ви треба лекување со антибиотици.

3. Воспаление на белите дробови – до еден месец

Кога белите дробови ќе се инфицираат поради вируси, бактерии или габички, се појавува силна кашлица, специфична поради тоа што е проследена со отежнато дишење, односно со губење на здивот. Ако притоа се искашлува безбојна слуз, се чувствувате многу изморени и имате благо зголемена температура, голема е веројатноста дека станува збор за воспаление на белите дробови и затоа што е можно побрзо посетете лекар..

4. Астма – хронична кашлица

Кај астмата се стеснуваат дишните патишта и имаме појава на воспаление. Болниот тешко дише, чувствува стегање во градите и т.н. „свирење“ во белите дробови, проследено со напади на сува кашлица. Белите дробови имаат подобар проток на воздух во текот на денот и доцно попладне, па до ваква кашлица доаѓа наутро, навечер или во текот на ноќта.

5. Гастроезофагален рефлукс  – хронична кашлица

Киселините кои од нашиот желудник одат во хранопроводникот можат да поттикнат сува кашлица. Тоа често се случува по обилен оброк или кога ќе прилегнеме, бидејќи тогаш киселините слободно патуваат. Ако кај себе забележите поврзаност помеѓу желудочните проблеми и кашлицата, обратете се на доктор, бидејќи имате проблем со рефлуксот и внимавајте на храната која ја јадете пред спиење, бидејќи таа го влошува.

6. Болест на штитната жлезда  – хронична кашлица

Не следи упорна сува кашлица, а докторите не можат да ја утврдат причината за вашиот проблем? Проверете ја состојбата на штитната жлезда, бидејќи кашлицата е еден од честите симптоми поврзани со проблемите со оваа жлезда. Посебно ако е проследена со чувство на стегање, болка во грлото или гушење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.