Внимавајте: Има отровни бои за фарбање јајца!

Прехранбените бои се прочистени, но затоа се и поскапи. Техничките и прехранбените бои имаат ист состав, но се разликуваат во застапеноста на микрокомпонентите во кои спаѓаат и тешки метали, а тоа се најчесто олово, кадмиум, жива и арсен. Најопасни се анилинските бои.

Ознаките E од позитивната листа укажуваат на тоа дека боите се класификувани како адитиви за храна. Ознаките E од 100 до 180 значат дека производителот гарантира и ако дел од бојата навлезе во јајцето.

И уште една важна забелешка, треба да обрнете внимание и на рокот на траење.

Секако, најдобра верзија се природните бои од зеленчук, а луковиците повеќе не се единствен избор. Виолетова боја може да добиете од виолетовата (црвена) зелка, портокалова може да добиете од исечкан морков, розова од изрендано цвекло, жолта од куркума и цвет од невен, црвена од црвена пиперка.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.