Внимавајте, и усните покажуваат кога сте сериозно болни!
Суви и испукани усни
Ако вашите усни се испукани тоа обично значи дека сте биле изложени на ветар, сонце или сув воздух, односно пречесто ги оближувате усните. Меѓутоа, во поголемиот дека од случаите се работи за дехидрација. Изразено сувите и испукани усни се прв знак дека на вашето тело му фалат течности, а проблемот најлесно ќе го решите со редовно консумирање вода.
Испукани и воспалени рабови на усните
Рабовите на усните, исто така можат да бидат испукани, но ако таа појава е проследена и со воспаление што не исчезнува по два до три дена, најверојатно е во прашање габична инфекција. Посетете лекар кој ќе ви препише средство за третирање на габичната инфекција. Избегнувајте каква било иритација или оближување на тоа подрачје од усните.
Сини усни
Усните со сина боја укажуваат на здравствен проблем кој се нарекува цијаноза. Зад тој израз се крие модрило на кожата и слузница која се создава поради недостаток на кислород во крвта и тиквата.
Бледи усни
Бледилото е општо еден од првите знаци на анемија. Доколку вашите усни имале нормална розова боја, но со текот на времето забележувате дека тие стануваат сѐ побледи, време е да го посетите вашиот лекар и да направите крвна слика, бидејќи најверојатно имате недостаток на железо во организмот.
Отечени усни
Доколку сте доживеале некој удар во пределот на усните или пак сте биле на тежок дентален зафат, усните може да бидат отечени како резултат на тоа. Меѓутоа, ако немало никаков удар или слични физички трауми, а Вашите усни се отечени, најверојатна причина за тоа е алергиска реакција. Сето она со кое сте дошле во контакт или сте го консумирале може да предизвика алергиска реакција, па затоа е потребно да ја проверите причината за таа појава. Ако освен усните чувствувате дека и вашиот јазик е отечен, а грлото ве гребе, веднаш побарајте помош од вашиот лекар.