Внимавајте, амалгамските пломби се опасни за мозокот и срцето!

Од Универзитетот Џорџија ни доаѓаат загрижувачки резултати од ново истражување кои сугерираат дека амалгамските пломби за заби, оние кои се изработени од мешавина од жива, сребро и други метали, можат да го зголемат нивото на жива во телото, поради што можеби треба да се размисли за изработка на алтернативни пломби.
Студијата покажува дека луѓето кои имаат повеќе од 8 амалгамски пломби во устата, имаат повеќе од двапати поголемо ниво жива во крвта од луѓето кои немаат пломби. Авторите на оваа студија велат дека ова откритие ја доведува во прашање сигурноста на овие пломби, особено кај луѓето кои имаат превисоко ниво жива во телото, како што се оние кои јадат многу морска храна.

Амалгамските пломби се користат повеќе од 150 години, издржливи се и финансиски достапни, но содржат жива – тежок метал кој може да предизвика оштетување на мозокот, срцето, белите дробови, бубрезите и на имунолошкиот систем.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.