Владата ќе прави ревизија на договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

172

Македонската влада на вчерашната  седница донела одлука за спроведување на ревизија на веќе склучениот договор за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.  Централната власт го задолжи министерот за здравство Арбен Таравари да изготви информација со сите детали околу изведбата на идниот здравствен објект. Од владата ќе ги почекаат деталните информации од Министерството за здравство. Меѓу точките кои се спорни за новата влада се и финалната вредност на градежните работи и бројот на клиниките што треба да се градат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.