Вкусни палачинки од компир: Рецепт за крцкаво уживање за сите сетила

Станува збор за стар рецепт којшто модерно го нарекуваме палачинки од компир. Важно е да е мек однатре и крцкав однадвор.

Овие традиционални палачинки од компири се многу барани како појадок, но можат да се подготват и како прилог за ручек или пак да се послужат со павлака и мајонез со зачини – како лесна вечера.

Едноставно и брзо се прават од само неколку состојки, а единствената напомена која би можела да се издвои е дека компирот испушта многу течност, па доколку процените дека е потребно да искористите повеќе брашно, слободно направете го тоа.

Состојки:

– 4 големи компири;

– 1 кромид;

– 1 јајце, изматено;

– 1 лажица сол;

– Мелен црн бибер по вкус;

– 2 лажици повеќенаменско брашно или повеќе по потреба;

– 1 шолја масло за пржење по потреба.

Подготовка:

Компирот и кромидот изрендајте ги во голема чинија. Исцедете ја вишокот течност.

Измешајте ги јајцата, солта и биберот. Додадете доволно брашно смесата да стане густа, од две до четири лажици, па измешајте.

Загрејте масло во тава, па во врелото масло ставете половина црпалка тесто и израмнете, па така направете палачинки со околу 1 сантиметар дебелина.

Пржете, свртете на другата страна, сè додека палачинките не заруменат.

Ставете ги палачинките на чинија обложена со хартија, а потоа сервирајте го јадењето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.