Вкупно хоспитализирани 298 ковид-пациенти, има околу 570 празни болнички кревети

16

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите. Од 298 хоспитализирани, 128 се во главниот град, а во болниците низ земјава 170 пациенти.

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало два приема.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациент и три биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството за здравство.

Оттаму потенцираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има шест пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во Гостивар два, а во Струга девет, во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани четири, Кичево седум, Кавадарци четири, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

-Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од Министерството за здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.