Витамински сок за зајакнување на имунитетот: Потребни ви се овие 5 состојки

Отпорноста на вируси е секогаш потребна, но сега, кога целиот свет е зафатен од пандемијата на коронавирусот, зајакнувањето на имунолошкиот систем е особено актуелно.

Заштитата треба да биде и надворешна и внатрешна. Како прво, лекарите препорачуваат што почесто миење на рацете со вода и сапун, користење на антисептици, што пократок престој во затворени простории со поголем број луѓе и останување дома. 

Витаминските „инјекции” кои можат да се припремат дома за само неколку минути, можат да му помогнат во заштита на телото одвнатре. Потребни ви се само 5 состојки кои можете лесно да ги пронајдете во локалниот супермаркет.

Тоа се ѓумбир, лимон, портокал, куркума и црн бибер.

Потребни состојки:

– 1 голем портокал

– 2 помали лимони

– ½ шолја сечкан корен од ѓумбир

– 2 лажички куркума

– малку свежо мелен црн бибер

Начин на припрема:

  • Темелно измијте ги портокалот и лимонот, исечете ги на големи парчиња без да ја отстраните кората (во неа се содржат до 70% од хранливите состојки, многу повеќе отколку во пулпата).
  • Ставете ги во соковник заедно со ѓумбирот, куркумата и црниот бибер (ако немате соковник, ќе ви послужи и блендер, само не заборавајте да ја процедите течноста на крајот).
  • Поделете го напитокот на 2 дела и испијте го во текот на денот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.