Витаминска бомба која ќе ве држи сити цел ден

215

Пробајте пијалак со кој ќе ги нахраните и телото и мозокот, а воедно и ќе го намалите чувството за глад.

За сокот полн со витамини, минерали и хранливи влакна, потребни ви се:

Јагоди – моќен антиоксиданс богат со витамин Ц, витамин Б-9, фолна киселина и многу хранливи влакна.

Банана – слатко и кремасто овошје кое е преполно со калиум, па ја подигнува енеригјата и заситува. Полно е и со магнезиум, калциум, железо, цинк и витамини Б, Ц и Е.

Портокал – сочно цитрусно овошје богато со витамин Ц, калиум, калциум и магнезиум, кое ја подига енергијата и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

1 шолја сок од свежо цедени портокали
8 до 10 средни јагоди
1 банана
Неколку коцки мраз

Подготовка:

Измијте и исчистете го овошјето и насечкајте го на парчиња. Состојките ставете ги во блендер и добиениот сок испијте го веднаш.

Пијалакот има најдобар ефект ако се испие за појадок или помеѓу оброците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.