Вистински негуваната жена никогаш не ги занемарува своите стапала, еве како да постигнете беспрекорен изглед на вашите стапала

Педикирот е најефективниот начин да ја истакнете убавината на вашите стапала.

Вистински негуваната жена никогаш не ги занемарува своите стапала, без разлика дали ѝ се сокриени во топли чизми преку зимата или се на показ пред сите во текот на летото. Но, ако и вам чизмите ви помогнаа да заборавите на негата на стапалата, сега е моментот да си ја исправите грешката.

Педикирот може да биде едноставен, лесен и забавен, а резултатите секогаш ќе направат да се почувствувате подобро.

Освен што ќе ви овозможи да го подобрите изгледот на ноктите и кожата, ќе ви помогне да си ја подобрите циркулацијата во нозете и да го спречите враснувањето на ноктите во кожата.

Доколку сакате сами да се погрижите за вашите стапала и да постигнете беспрекорен изглед, можете да си направите домашен педикир, но нема да згрешите и ако оставите професионалците да се погрижат за вас. Нашите пријатели од Spectra Nail Bar (телефон за закажување 078 873 703) ќе ви помогнат вашите стапала да бидат секогаш убави, меки и негувани.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.