Вишните се лек за несоница!

Вишните се моќен антиоксиданс кој е богат со мелатонин, што позитивно влијае на спиењето, како и регулирање на несоницата, покажува една американска студија. Покрај за спиењето, овие црвени плодови имаат и повеќе бенефиции за здравјето на луѓето.
Секојдневно јадење свежи вишни,сок или екстракт од оваа овошје за 35 проценти може да го намали ризикот од заболување на коските. Покрај тоа, вишните го блокираат и дејството на C-реактивен протеин, кој предизвикува воспаление на организмот. Антоцијанин, антиоксиданс кој на вишната и дава црвена боја,го зголемува производството на инсулин и до 50 проценти. Затоа,вишните се многу корисни за дијабетичарите, бидејќи на природен начин може да им се намали шеќерот во крвта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.