ВИДЕО: Рамен стомак без диети и вежбање!

Ви треба само една врвка

Физиотерапевтите пронајдоа нов начин кој ќе ви помогне да го задржите стомакот рамен и затегнат.

Се испостави дека обична врвка, врзана околу половината, им помага на луѓето да добијат затегнат стомакот, без досадни вежби во теретана.

Водечкиот британски физиотерапевт Семи Марго вели дека врвка врзана околу половината постојано ве потсетува на потребата за затегнување на стомачните мускули.

“Земете врвка, врзете ја на половината околу стомачните мускули. Фиксирајте да биде широка толку колку ви е широк стомакот кога ќе издишете пола воздух, така што во издишувањето ќе ја почувствувате. Притисокот на врвката постојано ќе ве потсетува на потребата да ги затегнете мускулите. Тоа ќе го правите во текот на целиот ден додека шетате, стоите, седите, додека сте на работа и дома. Обидете се да не го вадите конецот, и да го држите колку што подолго можете да издржите. Тој ќе ви обезбеди рамен стомак и ќе го подобри држењето на телото“, вели Семи.

Овие вежби се прават речиси деноноќно, што е многу поефикасно од три пати неделно.

Семи тврди дека неговиот едноставен метод им помага на луѓето да ги постигнат посакуваните резултати со помалку психолошки и физички трошоци.

Внатрешните стомачни мускули се веројатно единствените во човечкото тело кои не се тренираат со динамични оптоварувања. Само статични. Постојаната напнатост на абдоминалните мускули (вовлекување на стомакот) е вежба која води кон рамен стомак.

Коментари

коментари