Видео: Новини во здравството -Дронови ќе помагаат во работата на болниците!

158

Дронот под назив Matternet Station може да пренесува работи, па на тој начин болниците ќе можат да испраќаат и примаат клучни медицински примероци и ресурси.

Швајцарската влада, во март оваа година, му даде дозвола на Matternet да ја користи логистичката мрежа на дронови над густо населените градови.

Доколку на пациент му е потребна трансфузија на крв, а на локацијата на која се наоѓа е невозможно да се утврди неговата крвна група, тогаш болницата би морала да испрати автомобил со опрема за итна анализа на примерок од неговата крв.

Наместо тоа, сега докторите ќе можат да добијат примероци од крвта и резултати по пат на дрон, кој се управува со помош на апликација.

Еден техничар го пакува примерокот од крвта и го испраќа со дрон во кутија со QR код, дронот потоа го следи сигналот и пристигнува на дестинацијата, а потоа техничарот од другата страна со помош на смартфон и QR кодот ја отвора кутијата и го тестира примерокот.

Компанијата Matternet очекува до крајот на годината во Швајцарија да има развиена мрежа, која ќе расте во следните 12 месеци.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.