Видео: Две малолетнички крвнички тепаат соученичка во ОУ во Неготино – МОН го испитува случајот

Ја вчечат за коса и насилно ја удираат со раце и нозе по телото. На видеото кое денеска се појави на Youtube се гледа како две малолетнички крвнички тепаат соученичка во ОУ Гоце Делчев во Неготино. Додека брутално го малтретираат девојчето останатите деца гледаат, снимаат и навиваат. Дури кога ќе ја турнат на земја тогаш еден соученик почнува да реагира да престанат со насилството.
Од министерството за образование го осудија случајот со насилство во училиштето во Неготино.
– Државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор во посоченото училиште со цел да се утврди дали училиштето ги презело сите соодветни мерки во однос на настанот. Од училиштето нѐ информираа дека учениците и родителите се повикани на советување и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, се вели во ставот на МОН.
Ова насилничко видео отвара многу прашања и дилеми. Како се воспитуваат децата дома и на училиште и колку се безбедни кога се надвор со врсниците?

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.