Вежбањето во топла вода го намалува крвниот притисок
Таканаречените часови по аеробик во вода би можеле да бидат лековити за илјадници пациенти кои не реагираат на лекови.
Резултатите доаѓаат од истражувањето во кое луѓе со висок притисок не рагирале на три различни лекови, а вежбале трипати неделно во вода загреана на 32 степена Целзиусови и притисокот им бил понизок.
Научниците сметаат дека температурата на водата била клучна за намалување на крвниот притисок.
Хипертензијата погодува еден од петмина возрасни во Велика Британија, каде е спроведено истражувањето, а таа е виновна за половина од сите срцеви и мозочни удари.
Редовното вежбање и движење е еден од најдобрите начини да се намали притисокот. Но на многу возрасни луѓе, со прекумерна тежина или со артритис им е тешко да вежбаат бидејќи имаат дополнителен товар на зглобовите и мускулите.
Вежбањето во вода е многу корисна алтернатива. Подоцна истражувањето открило и дека колку е потопла водата толку ефектот е подобар.
Минимум 150 минути физичка активност неделно помага срцето да остане здраво.