Вежбајте за да го зачувате памтењето!

Симптомите за деменција подразбираат губење на паметењето и проблеми со размислувањето. Научниците тврдат дека ризикот од тие појави може да се намали со вежбање.

Според новите препораки, објавени во магазинот „Neurology“, луѓето кои почнуваат да покажуваат знаци на благо когнитивно пореметување би можеле да имаат корист од физичка активност два пати во неделата.

„Редовното физичко вежбање од секогаш се покажуваше како корисно кога е здравјето на срцето во прашање, а сега знаеме и дека исто така може да помогне во подобрување на паметењето кај луѓето со когнитивно оштетување“, вели Роналд Петерсен, еден од авторите на истражување на оваа тема.

Тој ги советува лицата кај кои е забележан ризик од деменција да одат брзо, да џогираат или да прават други видови на аеробик активности во траење од вкупно 150 минути неделно.

Научниците забележале дека лицата со лесни когнитивни пореметувања, кои вежбаат до два пати неделно, многу подобро ги поднесуваат симптоми.

А како додаток на вежбите, одредени промени во исхраната исто така би можеле да помогнат.

Рибино масло, печурки и салата научниците ги означиле како „храна за мозокот“, бидејќи се покажало дека со внесувањето на оваа храна се спречува или забавува губењето на меморијата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.