Вежбајте и нема да бидете депресивни!

156

Редовното вежбање значајно го намалува ризикот од депресија, состојба која во светот погодува околу 350 милиони луѓе.

Вежбање три пати неделно ги намалува шансите за појава на депресија за околу 16 отсто, утврдија научниците.

Секое дополнително вежбање во текот на неделата резултира со понатамошно намалување на ризикот за шест отсто.

Во рамките на јавното здравствено истражување британските научници утврдија дека односот меѓу депресијата и вежбањето упатува на начин на кој истовремено може да се подобри и физичкото и менталното здравје.

– Под претпоставка дека врската е причинско-последична, физичката активност во слободното време има заштитен ефект во однос на депресијата, вели научникот, Снехал Пинто Переира од Унвиерзитетот колеџ Лондон, која го предводеше истражувањето.

Депресијата е една од најчестите форми на менатални болести и Светската здравствена организација ја смета за водечки причинител на инвалидност во светот.

Лекувањето на депресија обично вклучува лекови, психотерапија или нивна комбинација.

Сепак, на многу од болните пациенти состојбата не им се подобрува и страдаат од рецидиви.

Истражувачите следеле 11.135 лица родени во 1958 година до 50-та година од животот, бележејќи ја појавата на симптоми на депресија и зачестеноста на физичката активност.

Со цел да се процени депресијата, испитаниците пополнувале соодветни прашалници кои го мереле степенот на психичките нарушувања на возрст од 23,33, 42 и 50 години.

Резултатите покажале дека луѓето кои имале зачестена физичка активност имале помали симптоми на депресија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.