Вештачко срце прв во регионот доби пациент во Србија
Првото вештачко срце во овој регион е вградено во Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“ во Србија.
Како што објавија медиумите во Србија, зафатот бил извршен во саботата од тим лекари на тој Институт врз пациент на возраст од 43 години, кој имал изразена слабост на работата на срцето и со тоа добил значајно време да почека соодветен орган и трансплантација.
Вештачкото срце чини 200 илјади евра и е донација.
Пациентот се чувствува добро.