Венко Филипче во Охрид – Ќе продолжи реконструкцијата на „Свети Еразмо“ !

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше работна средба со раководителите на здравствените институции во Охрид. Целта на посетата, рече тој, е да се запознае со работата на здравствените установи, преку разговор со нивните менаџерски тимови за проблемите во работењето и начините за нивно надминување.

– Во болницата „Свети Еразмо“ разговаравме за текот на реконструкцијата на објектот, како ќе продолжат градежните активности, како и за потребата на установата од соодветен кадар, едукација и доедукација, зголемување на квалитетот на услугите што се нудат и воведување нови, рече Филипче.

Најави дека градежните активности за реконструкција и изградба на објектот ќе продолжат, како и во насока на изнаоѓање најдобри можности тоа да се спроведе без да се попречува тековното работење на установата. Филипче не кажа дали ќе се реализираат плановите што ги најави претходната раководна гарнитура во Министерството за префрлање на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во рамки на комплексот „Свети Еразмо“.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.