Вечерајте порано, а појадокот никако не го заборавајте

Здравата исхрана придонесува на целокупниот здрав начин на живот и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, дијабетис тип 2 и хроничните заболувања.

Според едно американско истражување,  појадокот е секако најважниот оброк во текот на денот, а 20 до 30 отсто од возрасните го прескокнуваат овој оброк.

Оваа лоша навика како последица ја има зголемената стапка на дебелина и поголем ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетис тип 2.

Авторите на истражувањето нагласуваат дека времето на оброците е подеднакво важно како и содржината на самиот оброк.

Една од навиките на која треба да се придржуваме е порано да вечераме, како и меѓу оброците да не правиме паузи поголеми од пет часови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.