Вечерајте порано, а појадокот никако не го заборавајте
Здравата исхрана придонесува на целокупниот здрав начин на живот и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, дијабетис тип 2 и хроничните заболувања.
Според едно американско истражување, појадокот е секако најважниот оброк во текот на денот, а 20 до 30 отсто од возрасните го прескокнуваат овој оброк.
Оваа лоша навика како последица ја има зголемената стапка на дебелина и поголем ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетис тип 2.
Авторите на истражувањето нагласуваат дека времето на оброците е подеднакво важно како и содржината на самиот оброк.
Една од навиките на која треба да се придржуваме е порано да вечераме, како и меѓу оброците да не правиме паузи поголеми од пет часови.