Ве мачи запек и имате тегоби – Еве неколку совети за олеснување на проблемот

Проблемите со варењето и запек кој може да биде мноху непријатен и болен , можете да ги решите со следните совети:

1. Влакна

Постојат два вида влакна – растворливи и нерастворливи, а двaтa можат да го спречат настанувањето на запекот. Растворливите во себе задржуваат вода, па столицата ја прават помека поради што полесно поминуваат низ цревата. Нерастворливите остануваат непроменети па поминуваат низ цревата и го забрзуваат варењето.

2. Што да јадете?

Храна богата со влакна се крушите, брокулите, семките од лен, кивито, морковот, гравот, варените компири, праските, ананасот, варивото од леќа, пуканките, портокалот, кафеавиот ориз, овесната каша…

3. Што да пиете?

Водата е најдобар пријател на вашето тело, а со тоа и на вашето варење. Препораката е – пијте млака вода. Исто така, во секојдневната рутина вклучете ги чаевите. Чаевите кои дејствуваат како лаксатив се чајот од глуварче, нане, коморач, како и црниот и зелениот чај.

4. Што да избегнувате?

Избегнувајте чоколада, млечни производи, црвено месо, банани како и пржена храна и нездрави грицки како чипс, крекери и кекси. Овие производи се сиромашни со влакна и може да предизвикаат дополнителни проблеми со варењето.

5. Облози и масажа

Направете топол облог од крпа или термофор па ставете го на долниот дел од стомакот, односно на подрачјето на карлицата. Исто така, кај запекот помага и масажата. Полека притиснете го стомакот па со дланката масирајте го во правец на сказалките на часовникот со кружни движења, ширејќи го подрачјето од средината кон надвор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.