Вчера аплицирани 12.994 вакцини

16

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани, а преку vakcinacija.mk. досега за вакцинирање се пријавиле 469.212 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани.

-Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, велат од Министерството за здравство.

Со последните бројки, 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  49 проценти од жителите над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 43 отсто од граѓаните над 60 години примиле барем една доза вакцина.

-Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, соопштуваат од министерството.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.