Вакцинирање со МРП и утре и задутре во пунктовите за имунизација!

До 15 часот вакцинирани се 939 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е Глаксо Смит Клајн од Белгија, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.

Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина и потсетуваат дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат, посочуваат од Министерството за здравство

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.