Вакцинацијата против грип доцни, расте бројот на грипосани!

Во ниту еден Центар за јавно здравје во државата не е почната имунизацијата против сезонски грип. Ако досега таа стартуваше на средината на октомври, сега и на крајот на месецот нема информации кога граѓаните ќе можат да се заштитат од вирусот. Од Центрите чекаат информација од МЗ кога ќе почне вакцинација бидејќи таа треба да стартува во ист ден во цела земја.

За разлика од минатите години, оваа сезона Министерството набави и 28 000 бесплатни вакцини наменети за постари од 65 години и тоа пензионери со просечна пензија, потпросечна и без примања кои најверојатно ќе ги примаат во центрите со претходно закажување кај матичен преку системот Мој Термин. останатите 20 000 дози ги набавуваат Центрите за јавн оздравје и тие ќе бидат комерцијални, односно, граѓаните ќе ги плаќаат. Нивната цена годинава најверојатно ќе биде 700 денари а не 400 како досега, бидејќи за оваа сезона има 4 типна вакцина  по препорака на СЗО.

И додека надлежните се уште не одлучиле кога ќе почне имунизацијата, во ИЈЗ веќе регистрирале триесетина заболени од грип.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.