УНИЦЕФ и МЛД започнуваат проект за едукација на лекари за деца со попреченост

112

Примарната здравствена заштита(ПЗЗ) е вообичаена стартна точка за идентификување и адресирање на потребите на децата со ризик во развојот и нивно соодветно упатување на специјализирана нега кога тоа е потребно. ПЗЗ може да помогне во идентификацијата на деца со пречки во развојот кои често се скриени во нивните заедници и одбиваат пристап до здравствена заштита како имунизација на пример.

Главната цел на партнерството помеѓу Македонското лекарско друштво (МЛД) и Уницеф во оваа етапа е да се подобрат знаењата и практичните вештини на избраните лекари  кои работат на примарно ниво, за рано откривање и рана интервенција кај деца со попречености. Избраните лекари во иднина треба да бидат главната точка на координација  на грижата и интервенцијата кај децата со пречки во развојот помеѓу различните нивоа на здравствена заштита и сите останати вклучени страни

Официјалниот почеток на првата фаза од оваа програма го направи претседателот на МЛД, доц. д-р Горан Димитров кој ја акцентираше важноста на соработката на МЛД и Уницеф во иницирањето на КМЕ(Континуирана медицинска едукација) настани кои ги подобруваат капацитетите на избрaните лекари и придонесуваат за јакнење на ПЗЗ и здравствениот систем општо. МЛД ја има клучната улога во континуираната едукација на лекарите и останува еден од  основените двигатели за промени на ставовите и знаењата на лекарите во ПЗЗ.

Претставникот на Уницеф, д-р Данче Гудева Никовска ги информираше едукаторите за значењето на нивната пионерска улога во градењето на нови и подобрени практики на рано откривање и рана интервенција кај децата со попреченост. Уницеф ја изрази неговата определеност за поддршка на избраните лекари како стратешки партнер во подобрувањето на грижата кај децата со попреченост во рамките на здравствениот систем.

Обуките наменети за едукатори за ПЗЗ продолжуваат и во наредниот период а се подготвени од национални и меѓународни  експерти од оваа област селектирани во соработка со Уницеф. Обуките за избраните лекари од примарно ниво ќе започнат од септември 2017 година.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.