Убавите жени се поздрави!
Атрактивните жени немаат само убаво лице. Поради својата самодоверба тие помалку лачат хормон кортизол, кој е поврзан со стресот, покажа нова студија.
Истражувањето истакнува дека стресот исто така влијае на плодноста, па со самото тоа, истакнуваат истражувачите, фацијалната атрактивност сингализира репродуктивен потенцијал.
Стресот влијае и на метаболизмот, нивото на енергија, крвниот притисок и многу други болести.
Атрактивните жени исто така имаат доволна количина масти во телото, покажа истражувањето објавено во журналот Биологѕ Леттерс.
– Интересно е тоа дека фацијалната атрактивност во негативна корелација е со ниво на плазма кортизол, што укажува на тоа дека стресот ја намалува атрактивноста на жената. Исто така, ниското ниво на кортизол е показател на здравјето на лицето на жената. Тоа е докажано со многу истражувања за стресот, кој има големо влијание и на имунолошкиот систем, срцевите болести и слично, вели др. Маркус Рентал, лидер на истражувањето.
Исто така, укажано е на тоа дека убавината не значи и имунитет за сите болести, посебно не за хепатитис Б.
Научниците со децении верувале дека мажите кај жените бараат фацијални обележја, како големи очи, мал нос и полни усни, како знак дека се здрави и дека своите гени можат да ги пренесат на идната генерација.
Но, со ова истражување е докажано дека убавината не е само површна, како и тоа дека таа е поврзана со здравјето и плодноста.