Туширајте се навечер и спијте како јагне!

Турширањето пред спиење е одличен метод да се справите со несоницата, а и полесно да заспиете после долгиот работен ден. Меѓутоа, ова е делотворно само ако се истуширате час и половина пред планираното време за легнување.

Туширањето непосредно пред спиење не е добра идеја бидејќи на тој начин ќе го загреете телото, а неговото ладење е знак дека е време за спиење и одмор.

90 минути од туширањето до легнувањето за спиење се доволни за да може телото да ги регулира сите процеси и сигнали што ќе му укажат дека е време за одмор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.