Турција се разликува по своите хотели погодни за деца

81

Бидејќи летото се ближи, семејствата започнуваат да планираат за своите одмори. Со безбедни туристички мерки, Турција нуди разни опции за одмор особено за семејствата со деца.

Турција има богата разновидност на опции за семејствата со деца. Инклузивните хотели кои нудат анимација, работилници за деца, детски базени и водени тобогани се наоѓаат во Кушадаси, Мармарис, Фетије и посебно во Анталија. Овие хотели познати како „пријателски за деца“ или „погодни за деца“ нудат многу пријатни активности за семејствата и децата, како што се работилници и спортски активности организирани од инструктори давајќи им можност на сите членови на семејството да уживаат во многу различни активности истовремено, давајќи им приоритет на задоволството на посетителите и обврнувајќи значително внимание на фидбекот од семејствата. Во овие хотели објектите редовно се контролираат, а хотелите прават се со цел зголемување на безбедноста на децата.

За семејства кои сакаат да го поминат своето време во поприродна и послободна средина, постојат бутик хотели кои нудат еколошки одмори и кои ги преземаат сите потребни мерки за безбеден туризам. Хотелите на плажите во Карабурун, Бодрум, Фетије, Датча, Селимије, Бозбурун и Кекова ги пречекуваат своите посетители со маслинови градини и мирните води на Егејското и Средоземното Море. Некои од овие хотели им нудат на децата можност да ги хранат животните на фармите, како што се кокошки, патки и гуски, и да собираат свежо овошје и зеленчук од органски градини. Турција исто така им нуди на гостите бројни хотели каде семејствата можат да одат на пешачење, кајакарство или заедно да уживаат во природата.

Како дел од континуираните напори во борбата против Ковид-19 и понатамошно зајакнување на позицијата на Турција како една од најбезбедните дестинации во светот, Турција продолжува да инвестира во „Програмата За Сертификација На Безбеден Туризам“ која е еден од првите и најуспешните примери во светот во ова поле. Земјата го прошири опсегот на практиката и сертификатот го направи задолжителен за сместувачки капацитети со 30 или повеќе соби. Досега беа сертифицирани повеќе од 9.000 објекти. Покрај тоа, Турција започна и со вакцинирање на сите туристички работници што ќе заврши пред почетокот на летната сезона во 2021 година. Турција ги презема сите меркиза да се осигура дека останува здрава и безбедна туристичка дестинација во 2021 година и дека е еден од врвните избори како безбедна опција за патување за туристите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.